Фудбал
„Флорентино ме обвинува затоа што не му го продадов Мбапе“
Килијан Мбапе влегува во својата втора сезона со ПСЖ.
Ѕвездата на репрезентацијата на Франција минатото лето стигна на позајмица во ПСЖ, а шампионот во „Лига 1“ оваа година мораше да плати 180 милиони евра за него.
Монако за Мбапе имаше и понуда и од Реал Мадрид. Меѓутоа, наводно одличниот фудбалер одбил да оди меѓу „Кралевите“, а претседателот на Реал Флорентино Перез за се го обвинува потпретседателот на Монко Вадим Василјев.
„Ние сме пријателски клубови и секој пат кога ќе го сретнам Флорентино Перез тој ме обвинува дека не му го продадов Килијан Мбапе“, рече Василјев.
Мбапе во Реал го гледаа како замена за Кристијано Роналдо кој ова лето замина во Јувентус, но шампионот на Европа ќе мора да побара друго решение.