Connect with us

Фудбал

Фонсека се маскира во Зоро

Тренерот на Шахтјор Доњецк, Паоло Фонсека на прес-конференцијата по триумфот над Манчестер Сити се појави во костум и маска на Зоро.

Фонсека кој го носи прекарот Зоро, вети дека ако Шахтјор ја помине групната фаза ќе се маскира во познатиот филмски јунак, и го оствари ветувањето.

 Од првиот ден повторувам дека верувам во својот тим и во пласман во плеј-офот. Зошто токму Зоро? Пред „денот на вештерките“ еден новинар ме праша како ќе се маскирам и јас му одговорив дека токму како Зоро. И еве ме сега пред вас облечен на овој начин. Малку е рано да ме прашате што ќе направам, ако Шахтјор дојде до финалето, коментираше Фонсека.

Шахтјор како второпласиран обезбеди осминафинале во ЛШ.