Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Далиќ: По 35 години, се враќам во Ливно како втор во светот

Околу 50.000 луѓе го пречекаа хрватскиот селектор Златко Далиќ во неговото родно Ливно.

Далиќ пристигна како голем јунак во своето Ливно, а вчера од 17 часот во неговиот град владееше славеничка атмосфера.

Многу познати личности дојдоа да го поздрават Далиќ, а на бината хрватскиот селектор беше полн со емоции.

„Ви благодарам од срце, за ова чувство на среќа, и на голема гордост. Јас никогаш не заборавив од каде тргнав и каде започнав, а мојата кариера ја започнав овде пред многу години. Еве, после 35 години се враќам како втор на светот. Знам со колку емоции и трпение навивавте за Хрватска и затоа ви благодарам на сите кои навивавте, на сите во БиХ, во Хрватска и во светот. Ние не сме светски прваци но момците дадоа се од себе, тие со својата игра и храброста ги освоиа вашите срца“ рече Далиќ на дочекот.

Некаде околу 23:30 заврши забавата која беше подготвена за Далиќ, кој Хрватска ја однесе до финалето на Светското првенство во Русија и направи подвиг поголем од оној на Чиро Блажевиќ од Франција 1998. година.