Connect with us

Фудбал

ФОТО: Дете од шест години го дизајнирал дресот на италијански тим

Италијанскиот фудбалски клуб Пескара ја искористи принудната пауза од коронацирусот за да направи нов дрес, но на оригинален начин. Клубот кој игра во Серие Б распиша конкурс за дизајн за новиот специјален дрес, а тоа беше полн погодок.

На нивната адреса стигнале стотина предлози, а на крајот победило шестгодишно дете Луиџи. Детето од Италија направило цртеж како би сакал да изгледа дресот на Пескара и неговото дело е избран како победнички. Италијанскиот тим објави дека фудбалерите ќе го носат токму тој дрес.