Connect with us

Фудбал

ФОТО: Дресот го замени со униформа, фудбалската топка со пушка

Додека неговите колеги од Тотенхем се во карантин поради коронавирусот, Сон Хеунг Мин носи целосна воена опрема. Пушка, воено одело, поточно униформа, но тука е и заштитна маска против вирусот. Фудбалерот на Тотенхем одлучи да ја искористи паузата во фудбалот поради коронавирусот да го отслужи воениот рок. Во Јужна Кореја тој е задолжителен за секој полнолетен маж, а неговиот воен рок беше одложен поради успесите кои ги има на фудбалски план.