Connect with us

Фудбал

ФОТО: Фергусон се смееше од мака поради играта на Манчестер Јунајтед

Легендарниот шкотски тренер Сер Алекс Фергусон се врати на трибината да го следи својот сакан Манчестер Јунајтед откако закрепна од мозочниот удар.

Фергусон неколку месеци беше надвор од фудбалските случувања поради мозочниот удар, но успеа да закрепне и се врати да го гледа тимот во кој помина поголем дел од тренерската кариера. Фергусон синоќа го следеше натпреварот помеѓу Саутемптон и Манчестер Јунајтед (2:2) и сигурно дека не беше задоволен од играта на овој тим.

Камерите успеаа да „уловат“ еден интересен момент на трибината откако Јунајтед го прими вториот гол и губеше со 2:0. Фергусон тогаш се смееше, но на неговото лице се гледаше дека тоа повеќе е од мака затоа што тешко дека и тој може да разбере како екипата толку падна во формата од неговото заминување.