Connect with us

Фудбал

ФОТО: Фудбалер на Сасуоло херој на денот, постигна два голови, па испрати силна порака

Коронавирусот го „замрзна“ поголемиот дел од Италија. Не работат училишта, забранети се јавни собири, улиците се повеќе се празнат, а донесена е одлука фудбалот да оди на пауза до 3-ти април. Последниот меч се одигра вечерва помеѓу Сасуоло и Бреша, а славеа домаќините со 3:0.

Два голови беа дело на Капуто, кој можноста ја искористи кон камерите да покаже лист на кој пишуваше: Се ќе биде добро, останете во своите домови.

Јасно е дека неговата порака е поврзана со коронавирусот и со она што се случува во Италија.