Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Фудбалер се пофали што прави во карантин, но заборави да сокрие дека гледа филмови за возрасни

Швајцарскиот дефанзивец и член на англискиот Норич, Тим Клосе (31) е мета на коментари, пред се од неговите соиграчи, но и фанови. Тој на својот Инстаграм профил сподели како го поминува времето во карантин, додавајќи дека се „убива“ гледајќи серии на Нетфликс. Но, го покажа и она можеби што не сакал.

Имено, неговите пријатели забележале дека во второто „прозорче“ на интернет пребарувачот се крие страница со филмови за возрасни, што предизвика бројни коментари.

-Тим има што да работи додека нема фудбал. Друже секога затворај ги другите свои „прозорчиња“, беше еден од коментарите на социјалните мрежи.

Кој знае што го чека кога ќе се вратат на тренинзите и кога ќе се соберат фудбалерите во соблекувалната.