Connect with us

Фудбал

ФОТО: Фудбалерот на Барса на попуст, се подготвува голема размена со Челзи

Шпанскиот „Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона и Челзи подготвуваат размена на фудбалери. Каталонскиот тим по секоја цена сака да се ослободи од Филипе Кутињо, но знае дека никој нема да плати 120 милиони колку што тие му платија на Ливерпул.

Сега, го продаваат на попуст, односно за половина од таа сума. Но, „Мундо Депортиво“ тврди дека Челзи е загрњан за Кутињо, па Барса има идеја. Да направат размена на играчи. Кутињо во Лондон, а во спротивна насока Н’Голо Канте.

Наводно Челзи ќе прифати ваквата идеја, бидејќи нема да има дополнителни финансиски импликации, со оглед на тоа дека идејата на Барселона е да се направи само размена на фудбалери.