Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Херој на Скопскиот маратон – крена во раце момче со Даунов синдром и заедно ја поминаа целта

На денешниот Скопски маратон можеше да се забележат многу натпреварувачи, но сигурно е дека публиката ќе се сеќава на еден момент од овогодинешната трка.

Момче со Даунов синдром падна 50 метри пред целта и беспомошно лежеше на асфалтот. Сепак, помина еден од натпреварувачите, го крена во рацете и заедно влегоа во целта на маратонот.