Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ибра „Bye Bye“ Милан

Златан Ибрахимовиќ наводно донел конечна одлука. По завршувањето на оваа сезона заминува од Милан. Договорот со „Росонерите“ му е за овие шест месеци, односно до крајот на сезоната, но се шпекулираше дека ќе го продолжи договорот за уште една сезона.

Сепак, според угледниот весник „Газета дело Спорт“, по отказот на Звонимир Бобан односите во Милан се нарушени. Малдини и Бобан беа главните „виновници“ поради кои Ибра се врати во Милано, но сега се чини дека не е во добри односи со првите луѓе на клубот.

Засега нема информации каде би ја продолжил кариерата.