Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ибрахимовиќ пристигна во Милано, со маска на лицето и ракавици, следува карантин

Златан Ибрахимовиќ пристигна во Милано. Тој е пречекан на аеродромот од официјалните клупски лица, а носеше заштитна маска и ракавици, секако според протоколот. Сега, треба да помине 14 дена во карантин. Тоа значи дека на останатите играчи на Милан на тренинзите ќе им се приклучи по 25-ти мај.

Ибрахимовиќ во изминатите речиси два месеци беше во родната Шведска и тренираше со тимот на Хамарби, каде што е сопственик на дел од акциите.

Клубовите во Италија се вратија на тренинзите, но рестартот на сезоната се уште не е познато кога ќе се случи.