Connect with us

Фудбал

ФОТО: Играше за Интер и Милан, сега е пастор-Играчите се „истрошија“ со се*с, затоа не успеавме

Тарибо Вест. Постарите љубители на фудбалот сигурно добро се сеќаваат на овој дефанзивец, кој освен со своите квалитети, внимание привлекуваше и со неговите чудни фризури. Од Оксер пристигна во Интер во 1997-ма година, тим со кој го освои тогашниот Куп на УЕФА. Потоа играше и за Милан, но кусо.

Дел од неговата кариера беа Партизан, Дерби Каунти, Кајзерслаутерн. Играше и за селекцијата на Нигерија и секако дека е еден од најдобрите фудбалери на оваа земја. Беше дел и од најдобрата селекција која ја имала оваа земја.

Во 1996-та ги освои Олимписките игри со Нигерија, во 2000-та стигна до финалето на Африканскиот куп на нации, а на СП во Франција 1998-ма година оваа селекција го доживеа најголемиот успех.

Групната фаза ја поминаа како лидери, пред Парагвај, Шпанија и Бугарија. Станаа миленици на неутралните фанови. По групната фаза сите веруваа дека далеку ќе стигнат.

Сепак, во 1/16 финалето се сретнаа со Данска која ги прегази со 4:1, иако како втора ја помина групната фаза со една победа и едно реми. Причината ја открива Тарибо Вест.

-Играчите се истрошија во кампот со се*с. Беше забрането да излегуваме и да се забавуваме, но јас со мои очи видов дека играчите во собите донесоа девојки. Африканки беа, оние што допатувале да навиваат за нас. Станавме многу популарни и беше лесно да се донесе девојка во соба. Се сеќавам дека на мечот со Данска ги бркав по теренот, им викав, оти не можеа да трчаат. Тоа е единствената причина поради која загубивме со таков резултат, вели Вест.

Инаку, верувале или не во моментов Тарибо Вест е пастор на христијанската вера во Нигерија.