Connect with us

Ракомет

ФОТО: Ислаѓаните воодушевени од Хрватските навивачи: „Приредија спектакл, нема да ни биде лесно“

Навивачи на натпреварот Хрватска - Србија (Фото: С.М)

Исландските медиуми полни се со написи за нивната ракометна репрезентација која на Европското првенство успеа да ја победи Шведска 26-24, а многу малку внимание моментално посветува на следниот противник, домаќинот Хрватска.

Според информациите кои ги добивме, Хрватска најверојатно ќе игра без својот најдобар играч Домагој Дувњак кој ја повреди десната нога на натпреварот со Србија.

Еден од најдобрите играчи на Исланд, Olafur Ancdres Gudmundsson на натпреварот против Шведска успеа да постигне седум голови и беше воодушевен од она што го видел на натпреварот Хрватска – Србија.

„На трибините беше навистина лудница и признавам нема да биде лесно против Хрватска. Но, кој не сака да игра на такви навивачи, дури и кога ни се противници. Знам за сите слабости на хрватска, знам дека ќе играат и без најдобриот играч. За нас е најважно да ја зачуваме концентрацијата и да го направиме она што им го направивме на Шведска на почетокот од натпреварот“, ни рече Gudmundsson.