Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Изразот на лицето на Куртоа на натпреварот против Алавес стана хит на интернет

Фудбалерите на Реал Мадрид доживеаа шокантен пораз на гостувањето кај Депортиво Алавес (1:0) во рамките на осмото коло од шпанската Ла Лига.

За кралскиот клуб ова е еден од најлошите стартови на сезоната во последните неколку години, а дека владее криза во нивните редови се покажа и на натпреварот против Алавес.

Алавес дојде до победа во петтата минута од судиското надополнување по грешката на Куртоа, а мрежата на Кралевите ја затресе Гарсиа.

Куртоа ова лето во Реал Мадрид стигна како големо засилување, но многумина сметаат дека овој трансфер нему требаше на Кралевите. Кејлор Навас е одличен голман и многумина се чудат зошто Флорентино Перез одлучи да донесе жестока конкуренција.

Белгиецот беше на голот на Реал Мадрид и не се снајде баш најдобро во последните минути од натпреварот против Алавес. Направи грешка во 95. минута од натпреварот, па стана предмет на исмејување на друштвените мрежи. Неговиот израз на лицето кога топката требаше да влезе во мрежата стана хит на интернет.