Connect with us

Фудбал

ФОТО: Јувентус го победи Интер, но за Роналдо заврши серијата

Јувентус пред празни трибини синоќа го совлада Интер во Дербито на Италија и се врати на лидерската позиција на табелата. Со оваа победа веројатно „Старата дама“ го “отпиша“ Интер во трката за титулата бидејќи сега заостанува 9 бода во однос на Јуве, а 8 во однос на Лацио.

Славеа фудбалерите на Јувентус, на теренот, но и соблекувалната. Сепак, Роналдо има причини за мало разочарување. Имено, токму на овој меч заврши неговата серија на ефикасност. По 11 натпревари во низа, Роналдо синоќа не успеа да се запише во листата на стрелците.