Connect with us

Фудбал

ФОТО: Јувентус го претстави спектакуларниот дрес

Јувентус ги претстави новите дресови за следната сезона.

Италијанскиот шампион реши да ги врати препознатливите црно-бели линии, а „Адидас“ се обиде да направи сè да изгледа навистина спектакуларно.

Мора да се признае дека дресот изгледа уникатно и навивачите на Старата дама од Торино генерално се многу среќни со тоа што го добија.

Покрај доминантната маичка во црно-бела боја, има и златна боја со која се обележи производителот и грбот на клубот.