Connect with us

Фудбал

ФОТО: Како ќе изгледа составот на Барселона за новата сезона?

Барселона го претстави новото засилување, по пристигнувањето на Малком од Бордо, иако пред само една ноќ тој се договорил со Рома.

Бразилскиот фудбалер утре ќе допатува од Соединетите Американски Држави за да се приклучи на остатокот од тимот во подготовките за новата сезона. Ернесто Валверде сè уште не може да смета на сите играчи, бидејќи фудбалерите кои играа на Светското првенство добија нешто подолг одмор.

Шпанските медиуми веќе шпекулираат дека Валверде ќе биде на слатки маки кога ќе почне новата сезона. Мундо Депортиво го најави тимот за кој веруваат дека тоа ќе биде изборот на тренерот на Барселона за новата сезона.

Најверојатниот состав на Барселона: Тер Штеген, Серхио Роберто, Пике, Умтити, Алба, Бускетс, Ракитиќ, Кутињо, Дембеле или Малком, Меси, Суарез.