Connect with us

Ракомет

ФОТО: Каков само впечаток оставил Манасков, во конкуренција за најдобро крило во историјата на Вецлар

Иако сега игра за Веспрем, но сепак се чини дека Дејан Манасков за неколкуте месеци во дресот на Вецлар во текот на 2015-та година оставил голема трага. Доказ за тоа е објавата на социјалните мрежи на овој клуб во кој бара од своите фанови да го изберат најдоброто лево крило во историјата на тимот.

Секако ова е огромна чест на Манасков, да се најде во кокуренција со уште неколку легенди на клубот.

По шест сезони во дресот на Металург, каде што и ја започна кариерата Дејан Манасков во 2015-та се пресели во Вецлар.  Само неколку месеци подоцна се врати во Македонија, поточно во Вардар, од каде во 2016-та прави трансфер во Рајн Некар. Од 2017-та година е во Веспрем.