Connect with us

Фудбал

ФОТО: „Комити“ до Дарко Панчев: Зошто бе човеку?!

Дарко Панчев во интервјуто за Би-Би-Си на српски јазик, зборувајќи за успесите на РК Вардар и освоените два пехари во ЛШ, во споредба со успесите во фудбалот, рече дека тоа е исто како да споредуваш професор во средно во Скопје со Ајнштајн. Воедно рече дека никој во Европа не гледа ракомет.

Секако ова не им се допадна на многумина, а најмногу на „Комитите“, навивачите на спортскиот колектив Вардар, фудбалски клуб чии бои бранеше Панчев пред многу години.

На нивната фејсбук страница стои:

-Дарко Панчев…
Ниту еден навивач на Вардар ниту вљубеник на бубамарата не може да остане рамнодушен кога ќе го слушне ова славно име. Веројатно најголемото име кое е поврзано со името Вардар. Единствен Македонец носител на Златната копачка, најдобар стрелец во Европа. Титула која неправедно не му беше доделена своевремено, иако чесно ја освои, се до скоро кога таа неправда се исправи.
Многу приказни и сеќавања каде сите бевме горди на неговите постигнувања и откако си отиде од Вардар.
Дел од првата шампионска генерација на Вардар која во сезоната 1986/87 ја освои единствената шампионска титула во старата држава, оспорена од ФСЈ но признаена од УЕФА…
Многу епитети и суперлативи за спортските постигнувања во минатото. А сега?
Промовирањето на Срамниот Референдум каде беше не само против ставот на Комити, туку против ставот на Македонците и на погрешната страна на историјата.
Девалвирањето на успехот на Ракометниот Клуб Вардар.
Зошто човеку, ЗОШТО ?