Connect with us

Фудбал

ФОТО: Коронавирусот прави проблеми и во Лигата на шампионите

Поради коронавирусот и превенцијата од ширење, по примерот на Италијанската Серие А, и дуелот помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд ќе се одигра без публика. Одлуката е донесена поради брзото ширење на вирусот во Франција.

-Пари Сен-Жермен известува за одлуката натпреварот в среда на 11 март 2020 година помеѓу ПСЖ и Борусија да се игра зад затворени врати. Навивачите кои веќе набавиле билети преку billetterie.psg.fr и ticketplace.psg.fr наскоро ќе бидат информирани за надокнадување. Клубот им се заблагодарува на сите навивачи за разбирањето и за поддршката“, стои во клупското соопштение.

Ова е реванш меч помеѓу овие две екипи, а првата пресметка заврши со победа на германскиот тим со 2:1. Мечот треба да се одига во среда, на 11 март.

Претходно веќе е донесена одлука Интер – Хетафе во Лига Европа во четврток да се игра без публика.