Connect with us

Фудбал

ФОТО: Легендата му кажа збогум на Јувентус

Андреа Барзаљи, кој девет сезони го носеше дресот на Јувентус, а во последните шест месеци имаше задача да биде во тренерскиот тим и да прави дефанзивни анализи, заминува од клубот. Тој навел дека причината е семејна. Секако оваа одлука доаѓа како изненадување за фановите на „Старата дама“, бидејќи минатата сезона стави крај на кариерата и одлучи да остане во тимот, но како дел од стручниот штаб.

-Чувствувам дека имам потреба повеќе да живеам со семејството. Му се заблагодарувам на Јувентус, изјави Барзаљи.