Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ма каков Роналдо, Зе Роберто има 46-години, а неговите мускули го засенија Португалецот

Познато е дека фудбалерите кога ќе ги завршат кариерите ќе „нафрлат“ некој килограм повеќе, но има и такви кои остануваат во врвна форма. Поранешниот бразилски фудбалер Зе Роберто сега има подобро тело отколку кога беше активен.

За два месеци тој ќе наполни 46 години, а редовно на својот Инстаграм на своите следбеници споделува фотографии и снимки, а една секако остави впечаток.

Освен што играл за неколку бразилски клубови, Зе Роберто своевремено беше член на Реал Мадрид, но најдобрите денови ги доживеа во Германија во клубовите Леверкузен и Баерн Минхен.