Connect with us

Фудбал

ФОТО: Мал дел од големото срце, македонските репрезентативци со акција за помош во борба против Ковид-19

Македонските фудбалски репрезентативци организираа акција за собирање на медицинска опрема за помош на лекарите во борбата против новиот вирус.

Тие донираа маски, скафандери, капи, средства за дезинфекција, ракавици, гелови, хируршки маски, заштитни визири. Оваа донација е наменета за ГОБ „8-ми септември“ и Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Повикаа сите да го следат примерот и колку што можат да помогнат во овие тешки времиња. Селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски напиша:

-Само мал дел од вашето големо срце. Горд сум што работам со вакви момци!.