Connect with us

Ракомет

ФОТО: Спортската сала „Младост“ во Битола блесна во полн сјај

Речиси се е подготвено за овогодишниот завршен турнир на ракометниот Куп на Македонија.

Оваа година ракометните клубови од градот по Пелистер ќе го организираат завршниот турнир. Пелистер и Еурофарм работник се домаќини на Ф4 турнирот, а оваа година за прв пат во Битола ќе се игра на герфлор подлога.

На распоредот, Пелистер и Вардар ќе се соочат утре од 16.30, а од 19.15 вториот полуфиналниот натпревар помеѓу Еурофарм работник и Металург.

Овој настан побуди голема заинтересираност кај Битолчани, па се очекува спортската сала Младост да биде исполнета до последното место.