Connect with us

Фудбал

ФОТО: Мурињо ги провоцираше навивачите на Јувентус на „Олд Трафорд“

Жозе Мурињо станува се понервозен и се повеќе обрнува внимание на случувањата надвор од теренот.

Неретки се ситуациите во последниве неколку недели Жозе Мурињо да се изнервира и тоа да го покаже јавно, а притоа да не го изнервираат неговите фудбалери на теренот.

Пред неколку денови се случи оној испад на „Стамфорд Бриџ“ во судиското надополнување по голот на Челзи, а вчера Мурињо го изнервираа навивачите на Јувентус.

Гостите славеа со 1:0, а Мурињо имаше порака за нив по навредливите песни кои ги слушна од трибините.

Подигна три прсти кои ја означуваа тројната круна која ја освои со големиот ривал на италијанскиот гигант, Интер.