Фудбал
ФОТО: Мурињо на Инстаграм им се обрати на играчите-Лоша игра, заслужен пораз, утре тренинг во 11 часот
Откако по мечот со Антверпен и изненадувачкиот пораз од 1:0 пред новинарите изјави дека доколку можел на полувремето ќе ги сменел сите играчи, Жозе Мурињо се огласи и на Инстаграм.
Тој вообјави фотографија како седи во клупскиот автобус и порача.
-Лоша игра и заслужен лош резултат. Се надевам дека сите во автобусот се вознемирени како што сум јас. Утре тренинг во 11 часот, порача Мурињо.