Connect with us

Фудбал

ФОТО: На Милнер му ја шиеја главата за време на натпреварот Ливерпул – Наполи

Искусниот играч на Ливерпул, Џејмс Милнер, ја повреди главата во пријателскиот натпревар против Наполи во Даблин.

По судир со Марио Руи, страдаше челото на Милнер и на крајот доби 15 конци. Тој го постигна водечкиот гол за Ливерпул во четвртата минута, но потоа мораше да ја напушти играта поради повреда.

“Оваа повреда секако ја сени нашата одлична игра и победа над Наполи, но се надевам дека Џејмс ќе биде добро. Сеуште не стигнав да го видам”, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.