Connect with us

Фудбал

ФОТО: Најдобриот тим составен од „лоши момчиња“, кој смее да игра против нив?!

Угледниот портал за фудбал „трансфермаркт“ направи интересен фудбалски тим од најдобрите „лоши момчиња“. Според позицијата на која играат порталот ги избрал најконтроверзните фудбалери, или поточно речено фудбалери кои добиле црвени картони на бизарен начин или направиле инциденти на теренот, но и надвор од него.

Ако се погледне составот тоа навистина ни бил страшен тим. Во одбранта би биле Пепе, Рамос, Матераци и Евра, во средниот ред Де Роси, Давиц, Зидан и Тоти, а во нападот Ибрахимовиќ и Балотели. Навистина, кој би можел против еден ваков состав.