Connect with us

Фудбал

ФОТО: Наполи во 10-та минута го прекина мечот со Рома

Екипата на Наполи за кој од 1984-та до 1991 година настапуваше Диего Армандо Марадона на посебен начин му одаде почит на легендарниот Аргентинец кој почина во средата од срцев удар. Најнапред на теренот фудбалерите на овој тим истрчаа со посебни дресови, направени во боите на Аргентина, а потоа мечот беше прекинат во 10-та минута со една минута молк, и на тој начин одадоа почит на легендарната „десетка“.

Марадона со Наполи два пати ја освои Серие А, еден Куп на Италија, исто толку пехари во Супекупот на Италија, а славеа и го освои Купот на УЕФА во сезоната 188/89.

Facebook