Connect with us

Фудбал

ФОТО: Некоја нова Парма – Третиот дрес изгледа фантастично!

Парма повторно успеа да излезе од пепелта и да се врати таму каде што припаѓа – во Серија А.

Иако, Парма освои враќање во Серија А малку недостасуваше да биде вратена во понизок ранг, бидејќи имаше неколку “сомнителни” натпревари. Сепак, Парма ќе игра во новата сезона во Серија А, но ќе започне со негатевен број на бодови.

Во Парма се подготвуваат за новата сезона, тие исто така подготвија нови дресови, а особено добро изгледа третиот.

Производителот на спортска опрема „Errea“ подготви навистина одличен дизајн за третиот сет дресови на Парма.

“Третиот дрес е досега невидена комбинација на смелост и традиција. Темно сива позадина збогатена со динамичен централен крст во сина и жолта боја, а на рамениците мал знак на сеќавање на историјата на клубот,” зборовите со кои од „Errea“ го опишаа новиот дрес на Парма.