Connect with us

Фудбал

ФОТО: Нешто најлудно досега: Фудбалерот на Баерн го „стави“ пехарот на глава

Баерн освои тројна круна по втор пат во својата историја. Во 2020 година, како и во 2013 година, преовладуваше супериорноста на Баварците во однос на остатокот од фудбалскиот свет во Европа.

Откако ПСЖ беше поразен со 1:0 во финалето на Лигата на шампионите и беа доделени медали и пехари, фудбалерите на Баерн славеа, но во поинакво опкружување.

Иако немаше публика на трибините на „Ла Луза“, фудбалерите на новиот европски шампион знаеја да го прослават моментот за кој многумина сонуваат.

Најлудата работа досега ја направи дефанзивецот Лукас Хернандез. Францускиот стопер одлучи да го стави пехарот на главата.

Благодарение на бројот на шорцевите (21) дознавме за кој станува збор.

Фотографијата што тој ќе ја задржи долго време ја направи Мартинез, но дури и овој момент не ја испуштија присутните фотографи на стадионот.