Connect with us

Други спортови

ФОТО: Неверојатна сцена во Париз: Ѓоковиќ морал да го прекине трефнингот поради желба на својот син!

Новак Ѓоковиќ е во Париз и се подготвува за Мастерсот после кој би можел да се врати на првото место на АТП листата.
Ѓоковиќ беше слободен во првото коло, а со мечевите започнува утре кога ќе игра со победникот од мечот Чекинато – квалификант.

И’, додека темелно се подготвува да ги престигне оние 215. поени колку што му бега Рафаел Надал, Новак во еден момент морал да го прекине тренингот бидејќи внимание барал еден од неговите навивачи. И, тоа не било кој туку најголемиот фан.

На Новак му пришол синот Стефан и имал необична желба – да му се потпише на топчето. Секако, Новак како и секој тато, а и немал каде да „бега“ морал да му ја исполни желбата на Стефан.

ИЗВОР: EKRAN.MK