Connect with us

Фудбал

ФОТО: Њукасл го избра тренерот за нивниот супер тим

Се поизвесно е дека престолонаследникот на круната во Саудиска Арабија, принцот Мохамед Бин Салман ќе биде новиот сопственик на англискиот тим Њукасл. Продажбата е договорена за 300 милиони фунти.

Најави има за создавање на супер тим, кој ќе им биде конкурентен на Сити, Јунајтед, Ливерпул, Челзи, но и во Европа.

Тренер наводно ќе биде Маурисио Покетино.  Тој во моментов е без ангажман, а сигурно дека ќе ја прифати работата бидејќи ќе му биде понудено голем проект со големи засилувања.

Кутињо, Наинголан, Кавани, Мертенс, Фекир, Кулибали се само дел од имињата кои се поврзуваат со Њукасл во создавањето на супер тим.