Connect with us

Фудбал

ФОТО: Од коронавирус почина менаџерот на Дрогба, Насри, Галас и Десаи

Францускиот тим Олимпик Марсеј соопшти дека починал Пепе Диуф. Тој е поранешен претседател на клубот, имал 68 години, бил хоспитализиран во родниот Сенегал, починал како последица на коронавирус.

Пепе Диуф влезе во историјата на фудбалот како прв црномурест претседател на фудбалски клуб во Европа. Претходно работел како спортски новинар и фудбалски агент. Негови клиенти беа Марсел Десаи, Базил Боли, Вилијам Галас, Самир Насри и Дидие Дрогба. За четирите години колку што беше претседател на клубот два пати беше втор во лигата и два пати играше финале во Купот на Франција.