Фудбал
ФОТО: Откако доби дрес од Црвена Звезда, Вучиќ се сретна со Панчев: Чест ми е што имав можност да го сретнам големиот шампион
Во рамките на Економскиот форум во Скопје, чиј домаќин е Зоран Заев, присуствуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама. Овен овие официјални средби, Вучиќ имаше и уште неколку други, како што е онаа со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. Вучиќ на социјалните мрежи напиша.
-Со македонската и југословенската легенда Дарко Панчев. Чест ми е што имав можност да се сретнам со големиот шампион.
Претходно во текот на вчерашниот ден Вучиќ на подарок од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов доби дрес од Црвена Звезда.