Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ова е тимот составен од најскапите играчи во Италија

Пет фудбалери на Јувентус, тројца на Интер, двајца на Наполи, по еден на Лацио и Милан. Вака изгледа најскапиот тим составен од фудбалери од Серие А според нивната моментална пазарна вредност.

Според „трансфермаркт“ најмногу вреди Паоло Дибала од Јувентус 90 милиони евра, следуваат Лукаку и Ериксен од Интер со 85, потоа уште еден фудбалер на Интер, Лаутаро Мартинез со 80 милиони. Исто толку вреди и Савиќ од Лацио, по 75 милиони се проценети Роналдо и Де Лихт од Јуве, 70 Кулибали од Наполи, 55 голманот на Милан, Дунарума, 50 Алец Сандро од Јувентус и „најефтин“ во овој состав е бекот на Наполи, Ди Лоренцо.