Connect with us

Фудбал

ФОТО: Па дали е можно ново „предавство“ во фудбалот, од идното лето Ибрахимовиќ во дресот на лутиот ривал на Милан?!

Како што пренесува „Калчиомеркато“ постои голема веројатност Ибрахимовиќ да остане во Серие А, но не во дресот на „Росонерите“: Имено, Мино Рајола работи на тоа Ибра да се пресели во Интер кај Антонио Конте, бидејќи на „Нероаѕурите“ им е потребен уште еден напаѓач покрај Ромелу Лукаку, со оглед на тоа дека Лаутаро Мартинез најверојатно ќе биде продаден на Барселона, а Алексис Санчез нема да биде откупен поради високите примања.

Во јануари Конте имал желба да се ангажира Ибрахимовиќ, но тоа не се случи, па Швеѓанецот заврши во Милан.

Дали Ибрахимовиќ повторно ќе стане „деветка“ на Интер останува да се види. Инаку, во фудбалот кога еден фудбалер се сели во лут ривал се нарекува „предавство“. Но, тоа нема прв пат да му биде на Ибра. Играше за Јувентус, потоа се пресели во Интер. Од таму замина во Барселона, па заврши во Милан.