Connect with us

Фудбал

ФОТО: Петгодишен навивач на англиски тим ја скршил касичката и испратил понуда за својот омилен играч

Даниел Отон е петгодишен навивач на англискиот тим Лидс Јунајтед, а вниманието на англиските медиуми го привлече откако неговото писмо го објави клубот Брајтон.

Имено, детето ја скршило својата касичка, ги собрал парите и испратил понуда до Брајтон за Бен Вајт, кој во моментов игра како позајмен во неговиот омилен тим Лидс.

-Моето име е Даниел Отон. Имам пет години и навивач сум на Лидс Јунајтед. Ви го пишувам ова писмо поради вашиот фудбалер кој во моментов е кај нас на позајмица. Бен Вајт без сомнеж е мојот најомилен играч. Ве молам, дали постои икаква можност тој да остане кај нас и наедната сезона. Ги избројав парите од мојата касичка и имам 15,07 фунти. Дали тоа ќе помогне, стои во писмото.

Стигнал и одговор од Брајтон, поточно од директорот Пол Бербер.

-Драг, Даниел, ти блгодарам на писмото и великодушната понуда да му помогнеш на својот клуб и да го купиш нашиот играч. Многу убаво од тебе што си ги понудил сите свои пари да помогнеш на својот клуб. Сигурно дека имаш добро око и за млади таленти, можеби некогаш ќе бидеш скаут. Ќе ја разгледаме твојата понуда, но нашиот тренер Грем Потер и спортскиот директор сметаат дека Бен е важен играч за нашите планови за иднина и за жал не можеме да го продадеме на Лидс Јунајтед во овој момент, стои во одговорот на спортскиот директор на Брајтон.