Connect with us

Фудбал

ФОТО: Погба со својто стајлинг повторно во центарот на вниманието

„Триколорите“ во наредниов период очекуваат натпревари во Лигата на нациите, но се уште главна тема е освојувањето на Светското првенство. Фудбалерите на Франција кој добиа повик од Дидиер Дешамп се појавиа на собирот на репрезентацијата, а најголемо внимание привлече Пол Погба.

Погба повторно одлучил да експериментира со својот стајлинг, а овој пат инспирација му беа боите на знамето на Франција. Иако не е баш во најдобра форма во последно време сигурно многу се очекува од него во дресот на француската репрезентација.