Фудбал
ФОТО: После бројните жалби Ла Лига го затвори стадионот на Рајо Ваљекано
Откао две сезони помина во понизок ранг Рајо Ваљекано успе да се врати во Ла Лига, но во наредниот периот ова клуб своите натпревари нема да ги игра на сопствениот стадион.
Причина за тоа беше несреќата која се случи во 1. коло против Севиља, кога едно дете падна од недовршената трибина меѓу градежниот отпад. За среќа не беше тешко повредено и помина само со гребнатини и модрици.
Неговиот татко, како и многу други навивачи, поставиа слики на друштвените мрежи кои покажуваат дека стадионот е во навистина лоша состојба, а после протестот реагираше и раководството на Ла Лига која објави затварање на стадионот. Стадионот сега ќе мора дополнително да се реконструира, тоа ке потрае до 15. октомври, а цената на сето тоа би требало да биде околу 1.2 милиони евра.
Сега прашањето е, каде Рајо Ваљекано ќе ги игра домашните натпревари.