Connect with us

Фудбал

ФОТО: ПОТЕГ ЗА ВОСХИТ: Големиот Николов го стопли Јане

Она што е главна вест денеска во фудбалскиот свет поврзана со гестот на фудбалерите на Израел, се случи уште пред некоја вечер, во Скопје.

За време на натпреварот помеѓу селекцииите на Македонија и на Гибралтар, нашиот репрезентативец Бобан Николов му се најде при рака, и со својата тренерка го „покри” малиот Јане, во обид дополнително да го стопли, пишува Спортмедија.

Потег што наиде на топол прием кај присутните на Арената „Фили втори” во таа студена ноемвриска вечер во Скопје.