Connect with us

Фудбал

ФОТО: Протекоа историските дресови за наредната сезона на Интер и Барселона – Меси ќе ги „носи“ Пујол, Ривалдо, Гвардиола

Барселона и Интер оваа сезона веќе на два наврати ги одмерија силите во Лигата на шампионите, но и во двата дуели тимовите немаа можност да настапат во своите оргинални дресови. „Нераѕурите“ на „Камп Ноу“ настапија со резервната гарнитура, додека Барселона на „Џузепе Меаца“ играа во розеви дресови.

Следната сезона, Барселона слави 20 години од партнерството со Наик, па по овој повод, произведувачот на спортска опрема направи спектакуларен дрес кој ќе биде микс од дресовите кои во последните 20 години ги носеле Каталонците.

 

Така Меси и соиграчите во сезоната 2019/2010 ќе носат делови од дресови од ерата на Роналдињо, Пујол, Гвардиола, Ривалдо.

Но тоа не е се што се однесува до ревулуцијата во светот на фудбалски дресови. Од идната сезона уште еден гигант носи историска одлука кога во прашање станува збо за дресовите.

Имено Интер на своите дресови ќе има коси пруги, а како излгеда веќе може да се види од фотографиите кои протекоа на специјализираниот сајт за дресови,  footyheadlines.com.