Фудбал
ФОТО: Публиката се врати на стадионите во Англија, навивачите наредени како сардини
Арсенал вечерва на домашен терен игра против Рапид Виена. Како што може да се забележи од директниот пренос, на „Емирати“ има публика, конечно по неколку месеци, откако британската влада одлучи да ги затвори стадионите поради коронавирусот.
Одлука е донесена навивачите да можат да присуствуваат на фудбалски мечеви, но во ограничен број. Па така вечерва на „Емирати“ има 2000 фанови на „Топџиите“. Како што може да се забележи, под строги протоколи, дистанца од најмалку два метри, на одбележани места, наредени како сардини. Сепак, подобро и вака, отколку воопшто без публика.