Connect with us

Фудбал

ФОТО: Реал го демантираше бунтот на Ковачиќ, а за тоа приложи и докази

Иако во шпанска „Marca“ се појавија информации дека хрватскиот фудбалер од средниот ред Матео Ковачиќ одбива да тренира со екипата на Реал Мадрид, додека ситуацијата околу неговата иднина не се реши, сега таквите наводни ги демантираа од „Кралскиот“ клуб.

Инемо, Ковачиќ наводно е разочаран затоа што Реал не сака да го пушти да си побара нов ангажман и да го реализира трансферот иако тоја беше јасен во неговата желба за нов предизвици.

Ковачиќ, наводно веќе неколку пати се состанувал со челниците на Реал, но и со тренерот Лопетеги за да разговара за напуштањето на клубот, но на „Сантијаго Бернабеу“ немаа слух за неговите желби.

Сепак, сега од Реал Мадрид одлучиле да ги демантираат овие наводи дека Ковачиќ го нема на тренинзите.

На нивниот официјален Твитер профил објавиа фотографија од тренингот со посебна порака со која „Кралевите“ очигледно сакаат на сите да им соопштат дека Ковачиќ се уште е тука, но тука е и Марсело, за кој исто така се шпекулирае дека „исчезнал“ од екипата.

„Марсело, Каземиро, Варан, Ковачиќ продолжиа со подготовките и одработиа два тренинзи“ истакнаа од Реал.