Connect with us

Други спортови

ФОТО: Речиси како нова, и се опорави деформираното лице по најжестоката женска ММА борба

Беше тоа најдобрата женска ММА борба во историјата, барем така ја нарекоа навивачите и познавачите на овој спорт. Кинеската Жанг Вили и полската борачка Џоана Једрејчек на UFC-248 на почетокот на март направија спектакл каков што ретко се гледа.

По пет рунди борба Жанг потполно ја деформираше во лицето својата противничка, а нејзините фотографии го обиколија светот. Сепак, неколку дена подоцна Једрејчек покажа дека брзо се опоравува и сега веќа нема деформирано и потечено лице.

-Повоените рани уште зарастуваат, а мојот фисиотерапефт вели дека заздравувам како куче. Можеби не звучи добро, но има добро значење, напиша на социјалните мрежи полската спортистка.