Connect with us

Фудбал

ФОТО: Роналдо на денешен ден пред три години испиша историја во ЛШ

На денешен ден, пред три години, Кристијано Роналдо се запиша во историјата на Лигата на шампионите. На мечот против Баерн Минхен во дресот на Реал Мадрид постигна три гола и со тоа стана прв играч во историјата на Лигата на шампионите кој стигнал до 100 погодоци во најелитното фудбалско натпреварување.

Во моментов Роналдо има 128 голови во ЛШ на 168 настапи, а го следи Лионел Меси со 14 погодоци помалку на 141 натпревар.