Connect with us

Фудбал

ФОТО: Се огласи и Дибала по информациите дека има коронавирус

Ѕвездата на Јувентус се огласи откако се појавија информации дека и тој како и неговиот соиграч Даниеле Ругани има коронавирус. Сепак, Дибала вели дека тој не е заразен со Ковид-19. Како што вели тој, во моментов се наоѓа во самоизолација. Претходно Јувентус потврди дека 121 член на нивниот тим се наоѓаат во изолација откако беше потврдено дека Ругани има коронавирус.

-Поздрав до сите. Сакам само да потврдам дека сум добро, се наоѓам во самоизолација. Ви благодарам на пораките, се надевам дека и вие сте добро, напиша Дибала на Твитер.