Connect with us

Фудбал

ФОТО: Секој ден 1000 „стомачни“ и 300 склекови, ова е модерниот Златан

Селекторот на словачката јуниорска репрезентација Станислав Мачек во минатото работеше со Ерлинг Галабд в Ред Бул Салцбург. Во разговор за шпански „АС“ откри неколку интересни детали за Норвежанецот.

-Кога дојдов во Салцбург, речиси и да не играше, а погледнете каде е сега. Секогаш зборуваше не мора да работам брзо за да успеам, но мора да работам напорно, вели Мачек.

-Кога се слушнавме, ми рече дека дома прави по 1000 „стомачни“ и 300 склекови дневно. Доколку вака продолжи брзо ќе го видиме во некој од најголемите клубови. Мислам дека е создаден за Реал Мадрид. Тој е модерен Златан Ибрахимовиќ, заклучи Мачек.