Connect with us

Фудбал

ФОТО: Што се случува со Гатузо? Закажа тренинг на Елиф Елмас и другарите, покрај препораките и мерките

Италија е најпогодената земја од коронавирусот. Денеска и официјално ја надмина Кина со бројот на жртви, над 3.400. Најкритично е во регионот Ломбардија, но бројот на заразени расте во цела Италија.

Иако сите фудбалери и спортисти се во карантин, односно домашна изолација, такви се препораките на властите, сепак Џенаро Гатузо одлучи за 25 март да закаже тренинг. Информацијата е објавена на официалниот твитер налог на Наполи. Во неа се вели дека тимот ќе се врати на тренинзите на 25 март во нивниот тренинг центар со утринска сесија.

Сепак, веројатно Гатузо мисли дека Неапол е безбеден со оглед на тоа дека е одалечен околу 800 километри од Бергамо, град кој е најпогоден.